Концерт

27 јули, 2019

Битолскиот камерен оркестар со „Електро-симфонија“ на 8 август во Битола

Камерниот оркестар на Битола неодамна го најави својот најнов проект насловен „Електро-симфонија“, кој ќе се одржи на 8 август на ракометното игралиште во Битола, а сега се познати и сите детали за претстојниот настан.

Имено, најпознатите диско, поп, електро-хитови на сите времиња ќе прозвучат на нова сцена со над 40 музичари и солистите Сара Мејс, Светлана Јовановска, Агни Авшар, Огнен Битбокс и гостинките од Бугарија – Маги Џанаварова и Ели Раданова. За атмосферата пред и после концертот ќе се погрижат диџеите Иле Коса, Чипур и Берикват.

Концертот е во рамките на битолското културно лето „Бит-фест 2019“, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 3 август (сабота), на Широк Сокак (спроти кафулето „Пајтон“), по цена од 200 денари, а последните два дена (7 и 8 август) ќе чинат 250 денари. 

Во случај на лошо време, концертот ќе се одржи во спортската сала „Младост“.



Врати се горе ↑