Концерт

20 декември, 2017

Битолскиот камерен оркестар ја заокружува годината со новогодишен концерт

Битолскиот камерен оркестар ќе ја заокружи оваа мошне успешна година со новогодишен концерт, кој ќе се одржи на 30 декември во неговата матична установа, Центарот за култура – Битола. Станува збор за збогатена варијанта на октомврискиот концерт „Дамска симфонија“ (Ladies’ Symphony), во чии рамки настапија Наде Талевска, Калина Велковска и Ирена Димовска.

Овој пат, повторно ќе настапат веќе редовните соработнички Наде и Ирена, а за првпат ќе им се придружат сограѓанките Марија Груевска и Ана Гаштарова, како и Лена Заткоска. На концертот ќе бидат изведени хитови од едни од најпопуларните музички дами на светската сцена, како што се Ејми Вајнхаус, Алиша Киз, Емели Санде и Ријана, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 24 декември, во билетарницата на Центарот за култура – Битола.

25550489_1119787974790203_3424502618128583580_n



Врати се горе ↑