Настани 10943766_803916653001217_8451191821645546675_n

21 јануари, 2015

„Битолски земјотрес“, фестивал на независна музика во Битола

На 21 февруари Битола ќе ја стресе музички земјотрес! Инициран од независните дискографски куќи „Направи заедно, „69 рекордс“ и „Пи-ем-џи рекордингс“, во Центарот за култура во Битола ќе се одржи фестивалот „Битолски земјотрес“, еден потполно отворен коцепт, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители на нашата алтернативна сцена. „Токму таа сцена е единствената во Македонија, која музиката ја сфаќа и третира како уметност, борба и национално богатство. Ако ова ви се чини разумно и интересно, приклучете се на Земјотрес!“, порачуваат организаторите.

Во рамките на  овој фестивал, кој е организиран од Центарот за култура – Битола во соработка со „Пи-ем-џи рекордингс“ и „Акто музика“, ќе настапат: Д Џон, „Паркети“, „Пи-ем-џи колектив“, „Новиот почеток“, „Гаврнмент“, „Спенк“, „Кантон 6“ и „Демек“, Сашо Рисајд, Мирко Попов, „Галатеа“, Дејан Декс и Миле Гроздановски

Настанот ќе се одржи во салата за свадби во Центарот за култура со почеток од 20 часот, а влезниците чинат 100 денари.



Врати се горе ↑