4 февруари, 2018

Битолска пародија на „New Rules“ од Дуа Липа

Дуа Липа е едно од најзвучните имиња што се појавиле на светската музичка сцена во изминатиов период, чии хитови ги освојуваат врвовите на топ-листите ширум светот, а добиваат и бројни признанија, како што се и рекордните пет номинации за годинашните британски музички награди. Но, големата популарност на одредена песна обично придонесува истата да добие и своја пародија, па токму тоа се случи и со хит-синглот „New Rules“.

Имено, дел од екипата на битолското драмско студио „Солза и смеа“, кое е познато и по бројни урнебесни пародии на познати песни, одлучи да направи битолска верзија на „Новите правила“ на Дуа, користејќи го дијалектот од битолско и околината, а како звучи сето тоа објавено од студиото „Гимел“ можете да слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑