30 март, 2015

Битолчанката Марија воодушеви на „Х фактор“

По минатонеделната епизода, кога меѓу фаворитите се најде и нашиот Алмир Исмаили, во синоќешната втора епизода на „Х фактор“ вниманието го привлече и 18-годишната Марија Груевска. Талентираната битолчанка, која учествуваше и во емисијата „Сите наши песни“ на МРТ, настапи со познатиот џез и блуз хит „Why Don’t You Do Right“, чија најпозната верзија е онаа на Џесика Ребит во филмот „Кој го намести зајакот Роџер?“ од 1988 година.

Жељко го опиша настапот со само еден збор – перфектно, а Александра призна дека и покрај тоа што сака мажи, Марија успеала да ја заведе. Од друга страна пак, Тончи смета дека сите коишто пеат џез музика, залудно си го трошат времето бидејќи од тој жанр не се живее, но мораше да признае дека нејзе одлично ѝ прилега. Нејзината прекрасна изведба погледнете ја горе, а аудициите на останатите кандидати коишто беа дел од вчерашната епизода можете да ги прегледате во продолжение.

 



Врати се горе ↑