Видео 20664617_286502401756353_6721082361214934706_n

27 август, 2017

Битолчаните „Саунд уејвс“ дебитираат со „Who Took The Light“

Битолскиот рок состав „Саунд уејвс“ (Sound Waves) неодамна ја претстави својата прва авторска песна насловена „Who Took The Light“.

„Ова е прва наша авторска песна со прв видео запис, се надеваме дека нема да биде последна, а исто така се надеваме дека за скоро време ќе извадиме албум. Песната ја направивме за многу кратко време. Видео записот е сниман во Центарот за култура, спотот изгледа невообичаено затоа што е полуанимиран, сакавме да изгледа како постаро, да не изгледа како нов. Нашата група постои од 23 ноември 2016, тогаш се собравме, рековме да пробаме и бидна работата. Настапуваме во повеќе градови, во Битола во повеќе кафе барови. Сега добро ни оди, покрај првата авторска песна, подготвуваме уште една. Постоиме 6 месеци, а ни тргна многу добро“, изјавија членовите на „Саунд уејвс“.

20156163_279535625786364_4807938656640216177_n

Песната беше снимана во студиото „Гимел“ на Мими Марковски. Она што е несекојдневно е што спотот  беше сниман со мобилен телефон, а го монтираше Никола Тргачевски – Кумбата.

„Со половина членови се знаеме одамна, со другите се запознав работејќи. Прво почнавме со снимање преработки и веќе тука го почувствував нивниот потенцијал. Ова е група каква што фалеше во Битола. Спотот беше сниман со мобилен телефон кој снима Full HD.  Малку е чудно кај нас со мобилен, но интересен момент е, има друга слика, не е потребна којзнае каква технологија, битно е да имаш идеја. Ние сме тие кои ги поткрепуваме музичарите да ја пренесат енергијата до публиката“, рече Мими.

Идните планови на момците се да настапуваат надвор од Македонија и се надеваат дека ќе просперираат и надвор од границите.

Извор: Шеталиште



Врати се горе ↑