6 мај, 2015

Битолчаните „Поетика“ и Боб Ем-си прашуваат „Дали сте сериозни?“

Битолската рап група „Поетика“ деновиве го претстави својот петти видео запис за песна која ќе биде дел од новиот албум. Станува збор за темата насловена „Дали сте сериозни?“, снимена во соработка со Боб Ем-си и рок/метал групата „Кружен тек“, исто така од Битола. Автори на музиката се членовите на „Кружен тек“, миксот го направи Дејан Трајчевски, а мастерингот Партимен Материнг. Видео записот се снимаше во некогашната, сега веќе напуштена фабика „Свилара“, во реализација на Стефан Караџовски (камера) и Дејан Трајчевски (монтажа). Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Покрај минатогодишниот „Ултиматум“, „Дали сте сериозни?“ е уште една најава за новиот албум на „Поетика“, којшто би требало да излезе во текот на годинава.



Врати се горе ↑