Македонија molokaihuhu

21 декември, 2012

Битолчаните Молокаи со концертна промоција на нивното првенче

Младото битолско сурф-рок трио Молокаи  кои го објавија својот деби-албум „You surf , We send piranhas“, вечерва, 21-ви декември  во Таван на МКЦ во Битола ќе имаат концертна промоција на ова издание. Почетокот на промоцијата е во 20 часот, влезот е 150 денари и со секоја влезница следува подарок цеде. Албумот кој беше поддржан од издавачката куќа „Направи заедно“ од 14-ти декември е достапен за преслушување во дигитална верзија на музичкиот онлајн-сервис bandcamp.com.

Молокаи го сочинуваат Дамјан Маневски (гитара), Бојан Станиќ (тапани) и Дамјан Грујо (бас). Тие неодамна беа предгрупа на големиот „Позитивен концерт“ на Суперхикс во рамките на „Таксират“, со кој го прославија своето полнолетство.

Албумот содржи десет теми: „Gliding Through the Sewers“, „ Coralhead“, „Mummies Cant Surf“, „Attack of the Radiation Crabs“, „Duckdiving the Tsunami“, „Fujiwhara Effect“, „You Surf, We Send Piranhas“, „Operation Overdrive“, „My Girlfriend Was Kidnapped by Wiki-Tiki“ и „Gale Warning“. Овој музички проект беше сниман, едитиран, миксан и мастеризиран од страна на Ненад Трифуновски и Дени Крстев. Дизјанот на корицата е на Ангела Ризоска.

Извор: plusinfo.mk



Врати се горе ↑