Концерт 10577007_573357829468466_5944245889606037786_n

16 март, 2015

Битолчаните „Гаврнмент“ гости на концертот на „Скајрајз“

Битолскиот инди состав „Гаврнмент“ (The Government) ќе настапи како предгрупа на првиот самостоен концерт на тетовците „Скајрајз“, кој ќе се одржи на 3 април во Младинскиот Културен Центар во Скопје и во чии рамки бендот ќе го промовира материјалот од своето првенче „To Unknown“, објавено минатата година за „Пасворд продукција“.

Бендот од градот на колзулите, кој го сочинуваат Горан Јаневски (гитара и вокал), Златко З’лте Никодиновски (гитара и придружен вокал), Александар Тунев (тапани) и Томе Спасовски (бас гитара и придружен вокал), полека, но сигурно ја освојува и балканската алтернативна сцена, а дел од нивното досегашно творештво Ве очекува во продолжение. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑