Видео 12208287_680347328769515_8939746199260337910_n

10 декември, 2015

Битолчаните „Гаврнмент“ го објавија новиот албум и видео записот за „Црна земја“

Битолската инди-рок група „Гаврнмент“ (The Government) го објави својот долгоочекуван деби албум „Разбуди ме“, на кој покрај насловната нумера се сместени и темите „Run Baby Run“, „Градот“, „Falling Away“, „Политичар“, „Небо“ и „Rain“. Осумте песни се авторски композиции, текстовите со социјална нота, инспирирани од секојдневните прашалници кои висат над нас и како живееме или живуркаме во она што го нарекуваме демократија.

Албумот содржи искрени и јасни пораки, на моменти симболични, саркастични, брутално искрени кои треба до допрат до масата истомисленици. Сниман е во студиото на Младинскиот Културен центар – Битола, а за техничката поддршка заслужен е Димитар Жиров – Жирка. Миксот и мастерингот се на фронтменот Горан Јаневски, додека зад визуелниот идентитет на албумот стои Златко Никодиновски.

Истовремено со новото издание, кое може да се набави преку сите музички платформи како што се Ајтјунс, Амазон, Дизер и други, битолчаните го промовираат и новиот видео запис за темата „Црна земја“, која е и саундтрак за филмот „Обожение“, а како изгледа и звучи сето тоа погледнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑