Видео 1000905_10200687810010583_1608809022_n

17 февруари, 2014

Битолчанецот Христијан главна атракција на аердромот во Мелбурн

26-годишниот Христијан Спировски од Битола, кој од 2003 година живее во Мелбурн, Австралија, во изминатиов период навистина е главна атракција на тамошниот аеродром. Имено, талентираниот битолчанец веќе извесно време ги пречекува и испраќа патниците свирејќи на клавир бројни македонски народни песни, а понекогаш албански, по некое српско оро или босанска севдалинка. За Спировски пишуваат и медиумите од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, сите воодушевени од неговите извебди.

На неговиот репертоар секако дека се наоѓа и најпознатата битолска песна „Битола, мој роден крај“, „Македонско девојче“, „Јовано Јованке“ и многу други. Дел од неговиот изведби можете да погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑