Настани

13 јуни, 2018

„Битола отворен град“ од 25 до 30 јуни

Од 25 до 30 јуни во Битола ќе се одржи 17. издание на меѓународниот младински арт-фестивал „Битола отворен град“. Овој традиционален меѓународен младински уметнички фестивал, 17 години ја слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи и придонесува за развој на културниот туризам во Битола.

Фестивалот е инспириран од потребата за нов пристап во промоцијата и презентирањето на културните, општествените и човечките вредности и трендови преку музика и визуелни уметности.

„Битола отворен град“ ги обединува младите луѓе од различни локации од Европа, со различни афинитети, интереси и професионална определба да споделат свои ставови, искуства, вредности користејќи креативни методолошки алатки за имплементирање на активности кои поттикнуваат и ги јакнат општествените вредности и кои и ќе ги промовираат интеркултурниот дијалог и европските вредности, користејќи различни уметнички алатки.

Фестивалот обезбедува простор за поврзување на култури, размена на искуства, мислења и ставови и за креирање на нови партнерства и соработки, истовремено е генератор на динамична и позитивна енергија и мост помеѓу културите. Фестивалот е отворен за сите алтернативни уметности во изведба/изработени и водени од млади луѓе и претставува единствено искуство исполнето со позитивна енергија која умее да прерасне во креативна еуфорија.

Од 25 до 30 јуни, на различни локации низ Битола, очекувајте интересни настани, порачуваат организаторите од МКЦ – Битола.



Врати се горе ↑