Настани Poster Bitola otvoren grad 2013

20 јуни, 2013

Битола отворен град – најголем музички настан за 2013 година

Младински културен центар – Битола, по дванаесетти пат оваа година, го организира Меѓународниот младински арт фестивал “Битола отворен град 2013“Целта на фестивалот е да придонесе во афирмацијата на Битола како град со позитивни вредности и креативна енергија и нејзина промоција како центар на прогресивната младина на Балканот. Фестивалот трае четири дена и оваа година за прв пат терминот на одржување е крај на месец јуни, поточно од 26 – 29 јуни 2013 година. За ова издание подготвуваме најамбициозна и најквалитетна програма која ќе ги надмине сите досегашни изданија на фестивалот.

Последната фестивалска вечер во организација на МКЦ-Битола и Фреш Унион, ќе го обележи големата забава на Широк Сокак (сабота 29-ти јуни во 21.00 часот) каде главен збор ќе има DJ Michael Gray  од  Велика Британија, еден од најпочитуваните и најбараните музички уметници на глобалната музичка денс сцена. Ова е негов прв и екслузивен настап во Република Македонија. Како соло музичар DJ Michael Gray се прослави со синглот „The Weekend“ и со успешниот последователен хит „Borderline”. Тој е еден од двајцата сопственици на познатата музичка продуцентска куќа Full Intention од Англија која во јуни ќе го промовира новиот музички материјал.

 

На овој голем музички настан атмосферата ќе ја подгрее атрактивната Djane Nadine од Унгарија. Надин последните неколку години е еден од најбараните и најангажираните женски диџеи. Таа е признат уметник во својата професија позната по своите впечатливи авангардни настапи низ цел свет. Програмата ќе биде збогатена со настапи на локални афирмирани битолски диџеи кои традиционално ќе ја отворат музичката вечер.

Досега, со посетеност од над 4.000 публика главниот настан на Битола отворен град е најмасовен музички настан во Битола секое лето. Oваа бројка очекуваме да биде во голема мера зголемена со новиот концепт на ова фестивалско издание во рамките на Битфест 2013. Фестивалот е поддржан од ОNE и Градоначалникот на општина Битола.



Врати се горе ↑