Концерт

11 ноември, 2016

„Битлси“ со џез оркестарот на ЗЏМ во МОБ

Концертот „ZJM Jazz Orchestra plays the BEATLES“ (Битлси со џез оркестарот на Здружението на џез музичари) вклучува изведби на композиции од „Битлси“, овој пат преработени во џез аранжмани на Алан Бејлок, Мајк Кроти и Мајк Холобер, кои на музиката на најпопуларниот поп-рок бенд од 60-тите и 70-тите години ѝ даваат еден поинаков и покомплексен призвук. На прорамата ќе бидат изведени познатите теми како „Can’t Buy Me Love“, „Get Back“, „Hard Day’s Night“, „Hey Jude“, „Lady Madonna“ и многу други. Диригент на концертот ќе биде Сиги Феигл од Австрија.

Инаку, ЗЏМ Џез оркестарот постои од формирањето на Здружението на џез музичари и слободни уметници и е составен од 17 релативно млади македонски џез музичари со веќе изградени кариери, кои повеќе години музицираат во земјава и надвор од неа, членувајќи во различни музички состави. Ова ќе биде нивно прво претставување пред македонската публика во ваков состав, a за оваа пригода специјално е повикан австрискиот диригент Сиги Феигл, кој предава на Универзитет за музика и изведувачки уметности во Грац и веќе долги години работи со Биг Бенд состави ширум Европа.

Настанот е закажан за 26 ноември со почеток од 20 часот во Македонската опера и балет.



Врати се горе ↑