За Вас btls

8 мај, 2015

„Битлси“ и „Стоунси“ не направиле револуција во музиката

Новата студија, која ги анализира музичките трендови и нивното влијание, заклучила дека „Битлси“ и „Ролинг стоунс“ не ја „револуционализирале“ музиката, туку ги следеле веќе постоечките примероци.

Група истражувачи во Лондон ги истражувале музичките примероци во песните на американските топ листи во периодот од 1960 до 2010 година, мерејќи го појавувањето и траењето на различни музички трендови. Студијата, објавена во стручното списание „Ројал сосајети оупен сајенс“ (Royal Society Open Science), покажала три години коишто значајни за трендовите во музиката: 1964, 1983 и 1991.

Гардијан“ пишува дека влијанието на „Британската инвазија“ во шеесеттите, кога „Битлси“, „Ролинг стоунс“, „Кинкс“ и друти британски бендови се пробија во САД, е преценето. Имено, истражувањето покажало дека музичките примероци кои ги користеле тие бендови, а кои се мерени според низа квантитативни атрибути, веќе постоеле во САД и пред нивното појавување.

Меѓутоа, студијата заклучува дека поголемо влијание врз популарната музика кога се појавил на американските топ листи имал хип-хопот. Авторите дури заклучиле дека влијанието на овој жанр било поголемо од кој било друг.

Матијас Мауч (Matthias Mauch), од Универзитетот „Кралица Мери“ во Лондон, рекол: „За прв пат можеме да ги мериме музички особини во опсежни музички снимки. Можеме да ги гледаме само песните и да ги проучуваме како се менувале. Многумина сметаат дека музиката станува сè полоша, но ние не го заклучивме тоа. Не постои општ тренд со кој композицијата и разните музички состојки стануваат помалку разновидни“.

Мауч заклучил дека хип-хопот ги спасил топ листите“.

Сепак, некои остро ја критикувале оваа студија. Мајк Брокен (Mike Brocken), кој предава постдипломски студии за „Битлси“ на Универзитетот „Ливерпул хоуп“, рекол: „Популарната музика не можеме да ја ’мериме’ на овој начин. Што е со нејзината рецепција, политичка економија, субкултура? Мојот прв инстинкт ми кажува да се сомневам во студијата којашто користи замрзната анализа на податоци. Сметам дека таква формалистичка анализа овде не помага. ’Битлси’ ’комуницираа’ со луѓето, а дали тоа го правеле преку А-дур или мол, не игра баш никаква улога…“

Извор: NME



Врати се горе ↑