Свет beatles

15 декември, 2013

Битлси и Крафтверк со Греми награди за животно достигнување

Ајзли Брадрс, Крис Кристоферсон и мексиканскиот уметник Армандо Манзарео ќе бидат почестени со награди за животно достигнување (Lifetime Achievеment), а покрај нив тука се и легендите на светската музика – британскиот бенд Битлси и германските пионери на електронската музика – Крафтверк. Клифтон Шение и виолинистот Мод Пауел оваа награда ќе ја добијат постхумно. Во меѓувреме, Рик Хол и композиторот Енио Мориконе се именувани за наградата Trustees Award, како и фотографот Џим Маршал, кој почина во 2010 година.

Дафт Панк, Лорд, Тејлор Свифт и Кејти Пери се меѓу уметниците кои се номинирани за овогодишното 56-то доделување на Греми наградите, кое ќе се одржи на 26-ти јануари 2014 година во Стејплс арената во Лос Анџелес. Според бројот на номинации годинава предводи Џеј Зи, кој е во трка за 9 статуетки, додека Кендрик Ламар, Меклмор и Рајан Луис, Џастин Тимберлејк и Фарел Вилијамс имаат по 7 номинации.

Комплетниот список со дури 82 категории можете да го најдете на овој линка најинтересните можете да ги видите во продолжение:

Албум на годината:

  • “The Blessed Unrest” — Сара Барелис
  • “Random Access Memories” — Дафт Панк
  • “Good Kid, M.A.A.D City” — Кендрик Ламар
  • “The Heist” — Меклмор и Рајан Луис
  • “Red” — Тејлор Свифт

Песна на годината:

  • “Just Give Me A Reason” — Џеф Баскер, Пинк и Нејт Руес
  • “Locked Out Of Heaven” — Филип Лоренс, Ари Левин и Бруно Марс
  • “Roar” — Лукас Готволд, Макс Мартин, Бони МекКи, Кејти Пери и Хенри Волтер
  • “Royals” — Џоел Литл и Ела Јелиќ О’Конор
  • “Same Love” — Бен Хагерти, Мери Ламберт и Рајан Луис

Најдобра самостојна поп изведба:

  • “Brave” – Сара Барелис
  • “Royals” – Лорд
  • “When I Was Your Man” – Бруно Марс
  • “Roar” – Кејти Пери
  • “Mirrors” – Џастин Тимберлејк

Најдобар нов уметник:

  • Џејмс Блејк 
  • Кендрик Ламар
  • Меклмор и Рајан Луис
  • Кејси Масгрејвс
  • Ед Ширан

Извор: NME.com



Врати се горе ↑