3 октомври, 2017

Битбокс ремикс на хитот „Тажна љубов, среќна песна“

Макфестовскиот евергрин на Тамара Тодевска, „Тажна љубов, среќна песна“ е дефинитивно една од најпопуларните македонски песни во изминативе неколку години, а нејзиниот рок на траење продолжува и со секоја нова преработка.

Освен што беше апсолутен радиски хит за 2014 година, беше преведена и на македонски знаковен јазик, а сега можеме да слушнеме и како звучи во изведба на водителите Елена и Марк, додека ги придружува еден од најголемите битбокс мајстори во Македонија, Буцо Битбокс! Оваа интересна преработка беше дел од неговото неодамнешно гостување во нивната емисија, а со сето тоа можете да уживате горе!

 



Врати се горе ↑