Настани

26 јуни, 2019

„Бирарија“ – Прв пивски фестивал во Битола

В сабота, на 29 јуни, во пациото на Музејот во Битола ќе се одржи првото издание на фестивалот на занаетчиското пиво и музиката – „Бирарија“. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат педесетина различни пива од 15 производители, а ќе има презентација на состојки за производство на пиво, технологија на производство и стилови на пиво.

8.ПИВОТО КАКО КУЛТУРАОва најверојатно е првата фотографија на луѓе коишто пијат пиво, снимена во 1844 година. Во тој…

Gepostet von Slow Food Bitola am Sonntag, 23. Juni 2019

 

„Почетоците на пиварството во Македонија се врзани за Битола. Традицијата на консумација, боемството и интересот на новите генерации за занаетчиските пива, нè инспирираа да се зафатиме со организирање на првиот пивски фестивал во нашиот град“, пишува во соопштението за настанот, во чии рамки ќе има и изложба за традицијата на пиварството во градот на конзулите, сето тоа проследено со богата музичка програма.

12.ОД АРХИВИТЕ НА ПИВАРСТВОТОВо некои архивски податоци се спомненува дека во 1904 година работела фабрика за пиво во…

Gepostet von Slow Food Bitola am Montag, 24. Juni 2019

 

„Бирарија“ е во реализација на „Слоу фуд Битола“, преку проектот „Мобилизација на граѓанското општество за поттикнување позитивни општествени промени – МОГО ПОП“, спроведуван како дел од проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации“ на Македонското здружение на млади правници.

Фестивалот ќе започне во 18.00 часот и ќе трае до полноќ.

13.БОЕМСТВОТО И ПИВОТОБитола е град, кој низ историјата бил вечна инспирација на многу уметници. Тоа е еден од…

Gepostet von Slow Food Bitola am Montag, 24. Juni 2019



Врати се горе ↑