Свет elton-john-tom-hardy-ftr

26 октомври, 2013

Биографски филм за Елтон Џон, Том Харди во главната улога

Британскиот актер Том Харди ќе ја игра улогата на Елтон Џон во биографскиот филм за легендарниот британски музичар. Снимањето на филмот кој ќе го носи насловот „Rocketman“, по една од најпопуларните песни на пејачот, ќе започне кон крајот на 2014 година. 36-годишниот Харди е најпознат по улогата на негативецот Бејн во „The Dark Knight Rises“, а публиката имаше можност да го види и во остварувања како што се „Warrior“, „Bronson“ и „Lawless“.

Филмот кој го следи патот на Елтон од проблематичен тинејџер до глобална музичка ѕвезда, ќе го режира Мајкл Грејси, за кој ова ќе биде деби филмско остварување, додека сценариото го потпишува Ли Хол. „Rocketman“ ќе биде снимен во соработка со 66-годишниот музичар, кој за потребите на филмот ќе сними некои од своите стари песни.

 

 



Врати се горе ↑