Свет normal_james_brown

24 октомври, 2012

Биографски филм за Џејмс Браун

Ќе се снима филм за легендарниот соул и фанк музичар Џејмс Браун. Филмот ќе биде под режисерската палка на Тејт Тејлор кој минатата година беше номиниран за Оскар за филмот „The Help“, а ќе го продуцираат Брајан Грејзер и славниот фронтмен на бендот Ролинг Стоунс, Мик Џегер и неговата продукциска куќа Jagged Films. Темата која ќе се обработува за овој проект ќе го опфати периодот од детството и самата „клима“ на соул музиката тогаш, сè до смртта на славниот музичар во 2006 година.

Како што е веќе објавено, режијата и сценариото кое го напишаа Џез и Џон Хенри Батерворт се веќе обезбедени, а преостанува уште најголемиот предизвик – да се пронајде личноста која ќе може да ја одигра улогата на уникатниот уметник како што беше Џејмс Браун. Повеќе детали за филмот ќе бидат објавени наскоро.

 



Врати се горе ↑