Аудио artworks-000060375201-vvhh2b-t500x500

1 ноември, 2013

Били Џо Армстронг и Нора Џонс најавија албум со преработки

Били Џо Армстронг од групата Грин Деј и Нора Џонс снимија заеднички албум со преработки на сите песни од албумот кој Еверли Брадрс оригинално го претставија во 1958 година. „Foreverly“ е всушност албум на кој е преработена секоја песна од некогашното издание „Songs Our Daddy Taught Us“, пренесува магазинот Ролинг Стоун. Новото издание ќе биде претставено на 24-ти ноември.

Во интервју за списанието Стереогам, Армстрон изјавил: „Мислев дека ќе биде кул да снимиме нова верзија на овој албум, бидејќи малку луѓе знаат за него… И сакав да го снимам со женски вокал, бидејќи сметав дека така би добил поинакво значење. Можеби малку го проширив во однос на оригиналот, кога песните ги снимија два браќа.“ Како звучи една од преработките од новото издание, односно темата „Long Time Gone“ можете да ја слушнете во продолжение.

Во втората вест поврзана за фронтменот на Грин Деј, Били Џо неоамна посериозно заплива во актерските води и ќе се појави во независната драма „Like Sunday, Like Rain“ во режија на Френк Вејл, а партнерка ќе му биде актерката Лејтон Мистер, која е најпозната по улогата на Блер од популарната тв серија „Озборувачка“. Мистер ќе игра улога на музичарка која се обидува да направи кариера, но одненадеж ќе стане старателка на 12-годишен музички гениј, додека Армстронг ќе ја игра улогата на нејзиното момче. Надарениот музички гениј ќе го игра Џулиан Шаткин, а улогата на неговата мајка ѝ е доделена на Дебра Месинг. Иако ова е прва вистинска филмска улога за Армстронг, во претходните години тој се појавил во неколку филмови, меѓу кои „Riding In Cars With Boys“ и  „This Is 40“, во кој се глумеше себеси, а иста таква улога ќе има и во филмот „Anchorman: The Legend Continues“, чија премиера е закажана за декември годинава.

 

 



Врати се горе ↑