Свет billy_idol

2 јуни, 2013

Били Ајдол најави нов албум и автобиографија

Британскиот легендарен музичар Били Ајдол, чиј последен албум „Devil’s Playground“ излезе во 2005 година, најави дека оваа есен ќе започне со снимање на нови песни, а новиот материјал ќе биде објавен во 2014 година. Но, непосредно пред новиот албум ќе се појави и автобиографија на пејачот, со која напредувал многу повеќе отколку со работата на песните, пренесува Билборд.

„Веќе напишав повеќе од три четвртини, токму сега ги отфрлам непотребните делови. Книгата претставува сеќавање, но тоа е шега бидејќи јас не се сеќавам на ништо. Се обидов да направам преглед на мојата кариера и на мојот живот, размислував за тоа што го направив добро и лошо… сето тоа раскажано со мои зборови“ – изјавил Ајдол, додавајќи дека во книгата можеби ќе има и малку „валкани тајни“, но тврди дека пишувал за нештата како што се случиле, без да се обидува да биде сензационален.

 



Врати се горе ↑