Настани bi-zc2015m

24 февруари, 2015

Били Ајдол главна ѕвезда на првиот „Загреб колинг“!

„Авалон продукција“ со големо задоволство јавува дека се познати сите детали за новиот проект „Загреб колинг“ (Zagreb Calling), кој ќе започне ова лето во Хрватска. Британската рок легенда Били Ајдол е предводник на изведувачите на првиот „Загреб колинг“, кој ќе се одржи на 14 јули на најомилениот градски отворен концертен простор – СРЦ Шалата.

На првиот „Загреб колинг“ Били Ајдол ќе ja посети хрватската престолнина во рамките на големата европска турнеја по повод неговиот актуелен албум „Kings And Queens Of The Underground”, кој на пазарот се појави во октомври минатата година и кој доби одлични критики од престижните „Ролинг стоун“, „Ултимејт класик рок“ и други. Покрај Велика Британија, Франција, Италија, Германија и многу други европски држави, ова ќе биде единствениот настап на Ајдол во регионот.

Како специјални гости на музичарот ќе настапат големите балкански атракции „Партибрејкерс“ и „ПсихомодоПоп“, а за тоа кој ќе ја отвори вечерта ќе бидете дополнително известени.

Билетите за овој настан се пуштени во продажба од денеска, 24 февруари, преку глобалната мрежа на eventim.hr.



Врати се горе ↑