Концерт 1017447_606048819474033_934336404_n

6 февруари, 2014

Били Ајдол доаѓа во Скопје!

Авалон продукција со големо задоволство информира дека на 27-ми јуни 2014 година на Скопско кале доаѓа човекот кој пред 4 години го одржа најдобриот рок&рол концерт во Скопје. Големиот мајстор, човекот ѕвер, човекот кој има повеќе хитови и големи песни отколку што некои други имаат било какви песни воопшто – БИЛИ АЈДОЛ!

Човекот кој во живо секогаш дава 200 % од себе, доаѓа во Скопје во рамките на својата европска Greatest Hits турнеја, а се разбира дека во бендот ќе биде придружуван од генијалниот гитарист Стив Стивенс. Повеќе информации околу специјалните гости на настанот, цената на влезнците и датумот на нивно пуштање во продажба ќе бидат објавени неколку денови после концертот на Симпл Мајндс во Скопје на 6-ти март.



Врати се горе ↑