Настани potocinja

9 март, 2015

Билетите за „Поточиња 2015“ пуштени во продажба!

На 28 и 29 март 2015 година нè очекува уште една прекрасна музичка приказна на сцената на Универзалната сала. По 12. пат ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Со многу нови песнички и оваа година „Поточињата“ ќе ја најават пролетта. За забавата да биде комплетна, драмската секција на „Поточиња“ има подготвено прекрасни видео најави за секоја песничка, а сите посетители ги очекуваат и многу изненадувања и награди.

Овозможете им на Вашите дечиња уште една незаборавна забава и навреме набавете билети, кои веќе се во продажба на касата на Универзална сала, Југотон, Камарад Рамстор и цвеќара Розе Веро 2. Претставите се во следниве термини: 28.03.2015 (сабота) од 11.00 и 19.00 часот и 29.03.2015 (недела) од 11.00 и 13.00 часот. Цената на билетот изнесува 150 денари.



Врати се горе ↑