Концерт 1380225_599674576738430_1415521861_n

17 октомври, 2013

Билетите за концертот на Џамбазов се пуштени во продажба

По повод јубилејниот мултимедијален концерт на  великанот Игор Џамбазов кој ќе се одржи на 1-ви ноември во арената „Борис Трајковски“ во организација на  Горила Продукција и Трансмет”, по големиот интерес и официјално билетите се  пуштени  во продажба.  Во зависност од распоредот на местата во арената „Борис Трајковски“, влезниците се достапни во повеќе категории и тоа: 300 денари  горните три реда од трибините, 400 денари  останатите редови од трибините, 350 денари  партер, 500 денари  ВИП трибини, 600 денари Вип партер. Билетите можат да се набават преку продажната мрежа на Мктикетс во продажните места на Оне, Офис плус и Југотон.

Свесни дека се работи за човек кого го сакаат сите генерации, од „Горила“ единствено стравуваат дека и оваа сала нема да биде доволна за сите негови фанови, а очекуваат посета од над 10.000 Џамбо љубители од целата држава. Во соработка со неговиот музички гуру Игор Атанасовски – Харе,  како специјални гости на концертот ќе бидат макдонската поп дива Калиопи, ултра-талентираната Тамара Тодевска, харизматичната Елена Ристеска, фамозниот Влатко Илиевски, неговите омилени Пере и Франци од групата Нокаут, Димитар Андоновски, Sarah MACE, Коки, Танец,  хорот на Златното Славејче  под диригентската палка на маестро Александар Џамбазов, како и неговите колеги актери, новата ѕвезда на македонскиот филм и стенд-ап комедијата Сашко Коцев, и се разбира долгогодишниот сопатник на Игор и брат по многу нешта, Тони Михајловски.  Се очекува и неговиот голем пријател, учител и идол, легендата Раде Шербеџија (да се вклучи на Скајп).

Подготовките со бендот Гуру Харе течат одлично како и соработката со режисерот Бојан Трифуновски со кого го финализираат сценариото за кое и двајцата се во дилема и не знаат што да додадат, а што да одземат.



Врати се горе ↑