Свет mc

15 декември, 2014

„Билборд“: 9 албуми од кои се очекувало повеќе во 2014 година

Списанието „Билборд“ на крајот на годината претставува листа на „не толку успешни“ албуми од 2014 година. На листата се најдоа Мараја Кери, Џенифер Лопез, Робин Тик и други, а во продолжение Ве очекуваат комплетниот список на изданијата кои потфрлиле и статистиката поврзана со продажбата:

Мараја Кери – „Me. I Am Mariah…The Elusive Chanteuse“
Продажба во првата недела: 58.000 примероци
Продажба на претходниот албум „Memoirs of an Imperfect Angel“ во првата недела: 168.000 примероци
Овогодишна продажба: 117.000 примероци

Џенифер Лопез – „A.K.A.“
Продажба во првата недела: 33.000 примероци
Продажба на претходниот албум „Love?“ во првата недела: 83.000 примероци
Овогодишна продажба: 71.000 primeraka

Робин Тик – „Paula“
Продажба во првата недела: 25.000 примероци
Продажба на претходниот албум Blurred Lines“ во првата недела: 177.000 примероци
Овогодишна продажба: 48.000 примероци

Фифти сент – Animal Ambition“
Продажба во првата недела: 47.000 примероци
Продажба на претходниот албум Before I Self Destruct“ во првата недела: 160.000 примероци
Овогодишна продажба: 124.000 примероци

Џенифер Хадсон – JHUD“
Продажба во првата недела: 24.000 примероци
Продажба на претходниот албум I Remember Me“ во првата недела: 165.000 примероци
Овогодишна продажба: 61.000 примероци

Филип Филипс  – Behind the Light“
Продажба во првата недела: 42.000 примероци
Продажба на претходниот албум „The World From the Wrong Side of the Moon“ во првата недела: 169.000 примероци
Овогодишна продажба: 123.000 примероци

Леа Мишел – Louder“
Продажба во првата недела: 60.000 примероци
Продажба на претходниот албум во првата недела: N/A (нема податоци)
Овогодишна продажба: 102.000 примероци

Kармин – „Pulses“
Продажба во првата недела: 10.000 примероци
Продажба на претходниот албум во првата недела: N/A (нема податоци)
Овогодишна продажба: 27.000 примероци

Шер Лојд  – Sorry I’m Late“
Продажба во првата недела: 17.000 примероци
Продажба на претходниот албум Sticks + Stones“ во првата недела: 31.000 примероци
Овогодишна продажба: 41.000 примероци



Врати се горе ↑