Артисти robert

9 мај, 2013

Билбилов наполни 30 години!

Роберт Билбилов е еден меѓу неколкуте најталентирани композитори во регионов. Неблагодарно е да се каже дека е само композитор, иако компонира од дванаесетгодишна возраст. Тој е комплетен музичар, затоа што продуцира, свири на неколку инструменти и ги пее своите песни. Гените ја завршиле работата. Талентот го наследил од неговиот татко, Хилми Билбил, кој постарите генерации сигурно многу добро го паметат, бидејќи тој е авторот на „Бисер Балкански”.

Неминовен е успехот во сегашноста на сето тоа знаење и искуство со кое се стекнал уште во детството, бидејќи тој буквално растел гледајќи го својот татко, кој воедно му бил идол, како твори и работи. Во некои интервјуа  вели дека учел и од Дарко Димитров. Роберт соработувал со многу имиња, тој е човекот, кој е заслужен за успешните почетоци во кариерата на Тамара, Адријан и уште многу други.  Тој е оној кој работеше на албумите на Бојана Атанасовска, на Ѓоко Таневски, Слаткаристика, а на албумот на Елена Ристеска – „192“ свиреше виолина. Се промовира со „Крив си сам” на Снежана Џеповска, за набргу потоа да извади хитови кои останале да се слушаат до ден денес.

Во 2001година на „Макфест” излегува на сцена со Кристина Арнаудова и ја придружува со гитара. Всушност тој е композиторот на „Прашина”, која беше најслушана песна меѓу два фестивала. Прекрасниот текст го напиша Весна Малинова, која вели дека соработката со Роберт е прекрасна и кога се тим се оди брзо и лесно ко вода. Дека песната ја прифатила публиката покажала номинацијата за најдобар композитор на манифестацијата „12 Величествени”. На „Макфест 2003″ повторно ќе се појави понесен од претходниот успех, како автор на „Допираш” на Сузана Јовчева. Она што остави белег и служеше за добра промоција со сигурност е песната  ”Сега јас сум на ред”. Тогаш било најдоброто време и дошол редот на пеењето и начинот на кој тој ги чувствува песните. Во 2004 на „Макфест” учествува со Раде Врчаковски- Врчак со  „Тајните Ангели”, за во 2006 да ја испее „Избриши ги ти солзите”.

Во 2007  направи дует со Слаџана Иванишевиќ, темата насловена како „Лажи ме”. Веројатно сите коцки беа споени и на место во „Април”. „Темперамент” беше хит на „Охридски трубадури”, а тогаш темата насловена „Сам се лажам” која беше мајсторски изработена од страна на Роберт, во изведба на Адријан Гаџа доби 1 место.  Во 2007  година беше апсолутно негова година, како на професионален така и на приватен план. Тогаш заплива во брачните води и го доби својот наследник, Давид, за кој, да се надеваме, кога ќе порасне ќе ги следи стапките на тато. Во 2008-та настапува на „Макфест” и ќе ја испее „Јас те губам”. На 11.04.2009 во Колосеум беше одржана промоцијата на првиот негов албум „Јас те губам” на кој имаше 19 песни. Бидејќи тогашните хитови беа дел од првиот албум, не губеше време и повторно на „Макфест” не почести со хитот „Лице од насловна”. Можеби штипјани не го сакаат доволно за да освои награда, бидејќи неколку години е мртва трка во гласовите со 3-то пласираниот. Како и да е, сигурно се добра публика, а фестивалот – добра промоција, штом ретко го заобиколува.

Во 2010-та година на „Охридски трубадури” на поп вечерта заработи трето место композицијата “Не можеш без мене” во изведба на Роберт, Деана и Скипи. Истата година замина за Америка, поточно отиде на гости да ја посети својата сестра во Пенсилванија. Ова патување му беше добредојдено, не затоа што се одмори и прошета, туку зошто успеа да се промовира и да оствари бројни контакти. Повторно на „Макфест” во 2011 пласираше нова песна, овој пат дует со Викторија Лоба – „Кога мене ми требаш”. Имаа невообичаен и сосема различен настап од оние на кои сме навикнале да ги проследиме, што секако беше за пофалба. А за пофалба беа и номинациите за 2 песни кои беа најслушани: „Себична” и „Ти си Виновна” на МАРС (радиски фестивал) што никогаш дотогаш не се случило.  Но за него дефинитивно најголемо признание  е продукцијата на DeAndre Wright за преубавата „Love Thing”. На скромноста овде не и е место, зошто станува збор за светски познат изведувач. Веројатно ова ќе му отвори големи врати во неговата кариера.

Во 2012-та година си пројде со целосното фокусирање на неговиот втор албум, кој содржи 19 композиции и чија промоција беше закажана на 11.04. во UP. Гостуваше на Urban Summer Festival во Берово одржан на 23.08. кој всушност претставуваше 8 часовен музички хепенинг.  Во Битола продуцираше музика на 27.12 со македонски и балкански Ди Џеи. Оствари успешни соработки во и надвор од границите на Македонија и извади уште неколку дела од неговата ризница:

Студено (Look at me) – Синди Левачиќ (Шведска)

A thousand miles away – Сања Ѓошевска

Blizo do men – Alisia

Готово е – Тамара ( Макфест 2012)

Залудно е – Тамара (Скопски 2012)

Кој е крив– Лаура Крлиу

Opraštam ti sve – Мартин Вучиќ

Metar moje sobe – Daniel Djokić

Subota – Daniel Djokić

Uzmi mi dušu – Daniel Djokić

Ožiljak poraza – Daniel Djokić

Biću Tvoja – Jelena Mrkić

Љубов под облаците –Каролина

Дождот мој – Каролина

Хипокрит– Каролина

Ноќ – Каролина

Јулијана –Тијана

Очи во очи –Јелена

Ѕвездена кралица – Мартина

Од другата страна на љубовта – Ребека

Што се случува – Томас

Така вечно ќе ме имаш– Наташа

Шаби лаби – Цимерките

Дали знам -Тамара

1003– Тамара

Очи полни – Дуле и Коки

Немам срце за друг – Кристина Арнаудова

Да не заспијам – Боби Симоновски

Оној кој го чекам – Сања Неткова (Макфест 2007)

Заборавен свет– Деана Николовска ( Макфест 2007)

Дожд и оган –Ангелина Стојановска

Немам време за чекање – Ноне

Порака – Анета Качуркова (Скопски фестивал 2008)

Ништо не е вечно – Александар Тарабунов

Застани, стој – Адријан  (CD 300 години)

Виртуал Дива – Адријан

Трипувам – Адријан

Те нема – Елена Петреска

Чао за крај – Туна и Врчак

Спасете ме другари – Ламбе и Врчак

За Македонија – Тамара и Тони Зен (CD- Македонија навива)

Те покривам со љубов – Бојан Алексовски (Макфест 2009)

Крај – Бојан Алексовски (Охридски трубадури 2009)

Летај со мене – Слаѓана Стефановска (Охридски трубадури 2009)

Ik te ajo– Adelina Tahiri

Vuaj – Adelina Tahiri

Narcizoid – Adelina Tahiri

Dyshemeja – Tuna

Engjulli im – Leonora Poloska

Qeni qe leh – Genta Ismajli

Magjishem – Big Mama

Nje marreveshje – Sinan Vllasaliu

Fundin tek une e ke – Adrian

Тој дефинитивно е нашата гордост, му посакуваме многу среќа, уште многу награди, признанија, номинации, албуми, промоции… само нека создава нови хитови и преку нив нека не исполнува со љубов нас, неговата верна публика.

СРЕЌЕН 30 ти РОДЕНДЕН!

Превземено од: Музика 24

Подготви: Сања Неткова



Врати се горе ↑