24 јуни, 2014

Билбилов ѝ направи хит на Соња Мембрењо од „Идол“

„Един момент“ е насловот на новата песна на бугарската пејачка Соња Мембрењо која нашата публика ја запозна за време на бугарскиот „Идол“, каде што се натпреваруваа и нашите веќе познати пејачи Александар Тарабунов, Дарко Илиевски и нејзиното момче, битолчанецот Бојан Стојков. Новата песна на Мембрењо е потпишана од нашиот хитмејкер Роберт Билбилов (музика, аранжман и продукција), а текстот е на Преслава Пејчева. „Един момент“ пристигна заедно со видео запис за кој се погржија Васил Стефанов и Бромак ивент менаџмент, а за изгледот на Соња беа задолжени Слав (шминка) и Хубен Хубенов. Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑