Свет beyonce2

24 декември, 2013

Бијонсе за новиот албум: „Ова беше огромен ризик!“

Како што е познато, пред десетина дена Бијонсе ги израдува своите фанови со ненадејното објавување на нејзиниот петти студиски албум. Без никакви најави, ексклузивни промоции и слични маневри, истовремено беа објавени сите 14 нови песни, секој со свој видео запис и дополнителни три видео записи, а сето тоа заедно под насловот „Beyoncé“ можеше веднаш да се набави само преку сервисот АјТјунс.

Пејачката која го објасни концептот на својот „визуелен албум“, во неодамнешниот разговор со US News, во кој беа вметнати и нејзините изјави од разговорите со фановите на Инстаграм, таа открила дека пред објавувањето на албумот „била толку преплашена што можела да го замисли само најлошото сценарио од развојот на настаните“ и додала: „Јас сум мошне повлечена личност, личност која ги почитува правилата, сопствената и приватноста на другите. А ова беше голем ризик. За сето тоа да се случи, веројатно беше потребно да престанам и самата да бидам нечие дете – штом станав мајка, едноставно почувствував дека можам да ги разурнам сите четири ѕида околу себе, сметав дека е време за такви нешта – се чувствував ослободено.“

 

За доста иновативниот начин на кој е објавен албумот и кој доведе до тоа изданието да биде бојкотирано од компании како што се Амазон и Таргет, бидејќи сметаат дека предноста му припаднала на сервисот АјТјунс (макар што ниту еден бојкот не го спречи новиот албум да го собори рекордот на АјТјунс и да стане најпродаваното дигитално издание во историјата, а придонесе и за освојувањето на титулата „Единствена изведувачка во историјата на американските топ листи која има пет број 1 албуми со ред“), пејачката вели дека „сè и станало многу досадно по објавувањето на нејзиниот претходен албум ’4’“ и објаснува:

„Искрено, дојдов до точка во која сметав дека сè делува некако исто. Така и се чувствував, па помислив ако не можам да излезам на крај со тоа, можеби е време да почнам да правам нешто друго или да откривам други изведувачи, да работам со нив, што е нешто на кое навистина би сакала да се посветам. Само се надевам дека ќе продолжам да се движам напред и пред себе да поставувам нови предизвици. Мислам дека откако станав мајка, навистина сакам позади себе да оставам нешто што ќе ги инспирира луѓето.“

 

Според најновите податоци, албумот „Beyoncé“, на кој меѓу другите гостуваат Дрејк, Џеј Зи и Џастин Тимберлејк, за неполни недела дена и само по пат на дигитална продажба го надмина тиражот од милион примероци. Првите половина милион примероци од изданието во ЦД формат веќе од петокот се достапни на американскиот пазар, генерално преку ланецот Волмарт, кој пејачката го посети истиот ден со цел и самата да си набави еден примерок, а во таа пригода, како што јавува магазинот Idolator, со 50 долари ги почестила сите 750 купувачи кои во тој момент биле во продавницата.



Врати се горе ↑