Свет beyonce

14 ноември, 2012

Бијонсе во студио

Како што пишува PopCrush, некои треба навистина да се потрудат да го добијат вниманието на публиката, а на некои им е доволна само една фотографија за да ги израдуваат фановите. Така Бијонсе вчера преку сервисот Инстраграм, на којшто се придружи пред недела дена, објави фотографија на која се гледа пејачката во студио позади микрофон како ги проучува стиховите, веројатно на некоја од новите песни. Како што пишува во текстот, иако фановите веќе почнаа слават, можеби не станува збор за ново издание на пејачката, туку некоја реклама или соработка, со оглед на тоа што е познато дека Бијонсе снима реклама за Пепси, како и соработките со нејзините колеги Миси Елиот и Мигел. Се надеваме дека наскоро ќе добиеме повеќе информации.

 



Врати се горе ↑