Свет article_big_1364482838beyonce_EPIC_video_still

29 март, 2013

Бијонсе во анимираниот филм „Epic“

Компанијата Twentieth Century Fox и продукциската куќа Blue Sky за 22-ри април ја најавуваат премиерата на новиот 3Д анимиран спектакл насловен „EPIC“ – класична приказна за борбата меѓу доброто и злото во шума чии жители сакаат да ја одбранат природата од моќните сили кои сакаат да ја уништат. Позади филмот стои екипата на познатиот серијал „Ice Age“, предводена од режисерот Крис Веџ, додека гласовите на ликовите ги позајмуваат имиња како што се Колин Фарел, Џош Хачерсон, Аманда Сејдфрид, Кристоф Волц, Питбул, Џејсон Судекис, Стивен Тајлер, Азиз Ансари и Крис О’Доуд. Особено интересна задача добила Бијонсе, која го позајмува гласот за кралицата Тара, кралица на Мајката природа, а во краткото интервју кое можете да го погледнете во продолжение, пејачката меѓу другото вели дека „отсекогаш сакала да биде кралица“. 

 

Извор: music-news.com



Врати се горе ↑