Свет 2009 MTV Video Music Awards - Show

6 ноември, 2014

Бијонсе украла песна?

Извесен Ахмед Џејвон Лејн, кој бил придружен вокал на Бијонсе, но никогаш не се запознале, ја обвинува славната пејачка дека му ја украла песната „XO“, пишува познатиот американски портал „Ти-ем-зи“ (TMZ). Имено, Лејн тврдел дека својата песна насловена „XOXO“ му ја дал на некој од тимот на Бијонсе, а кога ја слушнал во изведба на познатата дива, се почувствувал измамен, па како оштета барал три милиони долари.

Според официјалните податоци, песната „ХО“ ја напишале Рајан Тедер, Териус Неш (Д-Дрим) и Бијонсе, а за продукцијата им се придружил и Хит Бој. Освен насловот, песните не се толку слични, а вие можете да ги преслушате во продолжение, па пресудете сами.

 

 

 



Врати се горе ↑