Видео b

8 февруари, 2016

Бијонсе со нов спот, настап на „Супер боул“ и најава за светска турнеја

По мошне мирната 2015 година, Бијонсе го одбележа викендов со повеќе новитети. Имено, во саботата, пејачката ги изненади своите фанови со нов видео запис за песната „Formation“, во кој се слави црнечката историја и култура, но беше обвинета дека „украла“ снимки од еден документарен филм на американскиот режисер Крис Блек. Тој на неговата сметка на Твитер објави дека некои дело од нејзиниот нов спот се всушност преземени од неговиот документарен филм за музика од Њу Орлеанс, а не се прописно акредитирани.

Бијонсе ги демантираше овие обвинувања, а во изјавата што ја дала преку нејзиниот менаџер, пејачката признала дека ја користела видеоснимката, но дека таа била употребена со дозвола на сопственикот.

 

Негативни реакции имаше и за неодамна објавената екранизацијата за темата „Hymn For The Weekend“ на британскиот бенд „Колдплеј“, каде што пејачката се појавува во улога на боливудска ѕвезда и облечена во традиционална индиска облека. Токму тоа разлути дел од индиската заедница, која ги обвини музичарите дека си ја присвоиле нивната култура и дека искористиле стереотипи што не ја прикажуваат земјата во вистинското светло.

Видео записот за „Formation“ беше воедно и најава за истоимената светска турнеја, во чии рамки засега се потврдени датумите за САД и земјите од Западна Европа. Дали конечно ќе имаме можност да ја видиме во Скопје или повторно ќе настапи во соседните земји ќе дознаеме наскоро. Исто така, пејачката синоќа по втор пат настапи на полувремето на најгледаниот спортски настан во САД, „Супер боул“, но овој пат заедно со колегите од „Колдплеј“ и Бруно Марс. Како изгледаше сето тоа погледнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑