Аудио artworks-000042556287-m5qlnu-t500x500

18 март, 2013

Бијонсе претстави дел од новиот материјал

Познатата Р&Б дива Бијонсе годинава ја започна како главна тема во медиумскиот простор. Таа најави нов албум и светска турнеја, пееше на полувремето од најгледаниот американски настан Супер Боул, а вчера пристигна уште еден новитет од „госпоѓата Картер“. Таа го претстави нејзниот нов звук со една (или две песни), кои веројатно се само најава за она што следно ќе го чуеме од популарната пејачка. Она што се појави на сервисот SoundCloud е насловено „Bow Down/I Been On“, трае околу 3 и пол минути и е продуцирано од Хит Бој.

Иако за сега не е познато дали ова ќе биде официјален сингл, во продолжение слушнете како звучи најновото музичко парче од Бијонсе, во кое јасно и гласно вели „Bow down, bitches!

Извор: Idolator

 



Врати се горе ↑