Свет 1357942341

14 јануари, 2013

Бијонсе откри детали за новиот албум

Неодамна на сите портали и медиуми осамнаа секси фотографии од списанието GQ, на чија насловна страна за февруарското издание се најде познатата американска дива Бијонсе. Таа во интервјуто за овој магазин не сакала да открие многу детали за претстојниот албум, но сепак призна дека многу ѝ недостасувал звукот од Р&Б музиката од деведесеттите години, па токму тој звук ќе преовладува на новото издание: „Сите ние започнавме во деведесеттите, кога Р&Б музиката беше најважниот жанр и на сите некако многу ни недостасува и го сакаме назад, особено чувството кое ни го даваше таа музика.“

Таа додаде дека на нејзината музика покрај Р&Б од ’90-тите , влијание има и малку постарата музика: „Најмногу Р&Б. Секогаш имав влијание од Принс и рок/соул музиката. Малку и од онаа на Д’Анџело, малку од шеесеттите. И Арета Френклин и Дајана Рос.“

Исто така, пејачката изјавила дека снимила околу педесет песни, а соработува со Фарел, Тимбаленд, Џастин Тимберлејк и Д Дрим. 

Извор: Idolator/Фото: Тери Ричардсон

 

 



Врати се горе ↑