Свет beyonce3

25 април, 2013

Бијонсе објави дел од уште една нова песна

Светската ѕвезда Бијонсе неодамна ја започна нејзината светска турнеја „The Mrs. Carter Show“, а минатиот месец претстави дел од новиот материјал, кој веројатно ќе се најде на нејзиниот претстоен петти студиски албум. А сега госпоѓата Картер уште еднаш ги изненадува своите фанови, повторно со дел од нова песна. Имено, се шпекулира дека во најновата реклама за брендот H&M, Бијонсе пее стихови од песна која ќе се најде на новото издание. Рекламата е снимена на Бахамите, а пејачката изгледа одлично во новите костими за капење од овој бренд.

Како звучи „Standing On The Sun“, потпишана од Грег Крстин и Сиа, можете да видите и слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑