Свет Beyonce-Knowles-in-Epic

9 мај, 2013

Бијонсе најави песна за саундтракот на анимираниот филм „Epic“

Неодамна Бијонсе објави дека ќе го позајми гласот за еден од ликовите во анимираниот филм „Epic“, позади кој стои екипата на познатиот серијал „Ice Age“, предводена од режисерот Крис Веџ. Пејачката која во моментов е на нејзината светска турнеја „The Mrs. Carter Show“, актуелна е и во саундтракот за филмот „Големиот Гетсби“, чиј продуцент е токму нејзиниот сопруг Џеј Зи, а таа заедно со колегата Андре 3000 го препеа хитот од Ејми Вајнхаус „Back To Black“, додека Емели Санде ја препеа нејзината „Crazy In Love“.

Деновиве американските медиуми го пренесоа соопштението во кое пишува: „Бијонсе, една од најпризнатите и најпочитуваните жени во поп културата, направи оригинална песна за саундтракот на анимираниот филм „Epic“. Нумерата е насловена „Rise Up“, а Бијонсе ја направи заедно со Сиа (која се потпишува и на „Standing On The Sun“ за рекламата на H&M), додека продукцијата е на Хит Бој.

Покрај турнејата, која ќе заврши некаде во септември, Бијонсе го подготвува и нејзиниот петти студиски албум, кој ќе излезе во текот на годинава, a анимираниот филм „Epic“ е закажан за 24-ти мај.

 



Врати се горе ↑