Свет bynce

5 ноември, 2014

Бијонсе на врвот на листата на „Форбс“

Не само што е една од најпопуларните пејачки во светот, туку и најмногу заработува од тоа. Списанието „Форбс“ неодамна ја објави најновата листа на жени кои најмногу заработуваа од музика, а на врвот, со заработувачка од 115 милиони долари, се најде токму Бијонсе. Нејзината предност пред останатите колешки е толку голема, што заработила двојно повеќе во однос на втората на листата, односно Тејлор Свифт, чија заработувачка изнесува 64 милиони.

Пејачката најмногу заработила благодарение на концертните настапи, како и на спонзорските договори со компаниите „Ејч-ен-ем“ и „Пепси“, а исто така, само во САД продала преку два милиони примероци од својот визуелен албум „Beyoncé“.

На листата се најдоа и Кејти Пери, Пинк и Ријана, а како доказ дека добро се заработува и од турнеи, на списокот се најдоа и Селин Дион и Бритни Спирс. Во продолжение погледнете кои се десетте дами со најголема заработувачка од музиката според „Форбс“.

1. Бијонсе – 115 милиони долари
2. Тејлор Свифт – 64 милиони долари
3. Пинк – 52 милиони долари
4. Ријана – 48 милиони долари
5. Кејти Пери – 40 милиони долари
6. Џенифер Лопез – 37 милиони долари
7. Мајли Сајрус – 36 милиони долари
8. Селин Дион – 36 милиони долари
9. Лејди Гагa – 33 милиони долари
10. Бритни Спирс – 30 милиони долари

Покрај оваа титула и неодамна најавената биографија, уште еден новитет поврзан со госпоѓата Картер е платинестото издание од нејзиниот последен албум. Имено, покрај веќе постојните 17 теми, освежената верзија на „Beyoncé“, која ќе пристигне на 24 ноември, ќе биде збогатена со уште 6 нови песни/ремикси и гостувања, а насловите можете да ги видите во продолжение.

  1. „7/11“
  2. „Flawless Remix“ (со Ники Минаж)
  3. „Drunk in Love Remix“ (со Џеј Зи и Канје Вест)
  4. „Ring Off“
  5. „Blow Remix“ (со Фарел Вилијамс)
  6. „Standing on the Sun Remix“ (со Мистер Вегас)

 

Извор: mtv


Врати се горе ↑