Свет d381fd60

5 април, 2013

Бијонсе, Лана Дел Реј, Џеј Зи, Емели Санде на саундтракот за „Големиот Гетсби“

Како што Ви пренесовме на почетокот на годинава, Џеј Зи е извршен продуцент на саундракот за претстојната филмска адаптација на „Големиот Гетсби“ во режија на Баз Лурман. Деновиве беа објавени и деталите за ова издание на кое се најдоа имиња како што се Бијонсе, Лана Дел Реј, Флоренс & д машин, Вил Ај Ем, Ферги, Брајан Фери, Емели Санде, Готје, Џек Вајт, Неро, Сиа, Кју-Тип, ГунРок, Андре 3000

Во трејлерот (погледнете го долу) кој беше објавен вчера може да се слушне гласот на Бијонсе, која заедно со Андре 3000 направи преработка на хитот „Back to Black“ од Ејми Вајнхаус, Лана Дел Реј ја пее „Young and Beautiful“ (оригинално насловена „Will You Still Love Me?“), продуцирана од Рик Ноуелс за реизданието на „Born to Die“, како и новата оригинална песна „Over the Love“ од Флоренс & д машин, а Вил Ај Ем направи клубска/рап обработка на хитот „Bang Bang“ од Ненси Синатра.

Според официјалното соопштение, првиот сингл од изданието ќе биде песната „Young and Beautiful“ од Лана Дел Реј, чиј видео запис ќе биде претставен на 22-ри април, а песната ќе биде издадена еден ден подоцна. Албумот е закажан за 7-ми мај, а целосната листа со песни и изведувачи можете да ја погледнете во продолжение.

The Great Gatsby — Original Soundtrack

1. 100$ Bill – JAY Z
2. Back To Black – Beyoncé x André 3000
3. Bang Bang – will.i.am
4. A Little Party Never Killed Nobody (All We Got) – Fergie + Q Tip + GoonRock
5. Young And Beautiful – Lana Del Rey
6. Love Is The Drug – Bryan Ferry with The Bryan Ferry Orchestra
7. Over The Love – Florence + The Machine
8. Where The Wind Blows – Coco O. of Quadron
9. Crazy in Love – Emeli Sandé and The Bryan Ferry Orchestra
10. Together – The xx
11. Hearts A Mess – Gotye
12. Love Is Blindness – Jack White
13. Into the Past – Nero
14. Kill and Run – Sia

Извор: Idolator



Врати се горе ↑