Настани b-mtv-vma

7 август, 2014

Бијонсе ќе настапи на MTV VMA 2015

Директно од распродадената мега турнеја „On The Run“, Бијонсе се враќа на сцената на Видео Музичките Награди на MTV, кои годинава ќе се одржат во Инглвуд, Калифорнија, а преносот во живо ќе можете да го проследите во ноќта меѓу недела и понеделник, 24 и 25 август со почеток од 02.00 часот по полноќ.

Бијонсе ќе настапи на овогодишното доделување каде што ќе ја демонстрира својата неверојатна уметност. Како изведувач, Бијонсе имала едни од највпечатливите настапи во историјата на овие награди, вклучувајќи го и апсењето за време на експлозивниот настап „Ring The Alarm“ во 2006 година, фантастичната кореографија на мегахитот „Single Ladies (Put A Ring On It)“ во 2009 година, како и незаборавниот и изненадувачки „Love On Top“ во 2011 година. Бијонсе триумфално се враќа на сцената на Видео Музичките Награди каде што по четврти пат ќе настапи на најгласната, највлијателна и најоткачена годишна прослава на музиката во светот.

Бијонсе континуирано работи на редефинирање и поместување на границите на својата музика, а со нејзиниот ненадејно објавен аудио-визуелен албум „Beyoncé“ се најде во центарот на вниманието секаде во светот. Како самостоен изведувач и како членка на една од најпознатите групи во историјата на поп музиката, Дестинис Чајлд, Бијонсе има освоено 11 MTV VMA награди, вклучувајќи ги и оние за „Видео запис на годината“ в0 2009 за синглот „Single Ladies“ и „Најдобар женски изведувач за 2007“ за „Crazy in Love“ со Џеј Зи. 

 

Годинава има и најголем број номинации – дури 8, а меѓу другото номинирана е и во категориите „Најдобар видео запис на годината“, „Најдобар женски изведувач“ и „Најдобра кореографија“. Бијонсе ќе биде претставена како овогодишна добитничка на престижната награда „Michael Jackson Video Vanguard“ и така ќе им се придружи на ексклузивната листа на добитници на оваа награда на која се наоѓа и самиот Мајкл Џексон, Мадона, Питер Габриел, РЕМ, Бисти Бојс, Ред Хот Чили Пеперс, Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк.

За сите категории можете да гласате на vma.mtv.com, додека номинираните за новата категорија „Најдобар текстуален видео запис“ ќе бидат објавени наскоро. Бијонсе им се придружи на веќе познатите имиња кои ќе настапат во живо на MTV VMA 2015, а тоа се Ашер, Аријана Гранде, 5 Секндс оф Самр и Марун 5, кои за прв пат ќе настапат на оваа манифестација.

 



Врати се горе ↑