Свет destinys-child-love-songs-nuclear

6 април, 2013

Бијонсе, Кели и Мишел соработуваа за песна за новиот албум на Кели

Кели Роланд за Билборд изјавила дека на нејзиниот нов албум „Talk a Good Game“ ќе се најде песна за која соработува со нејзините колешки од поранешната група Дестинис Чајлд, Бијонсе Ноулс и Мишел Вилијамс. Но, Роланд појаснува – ова не е песна на Дестинис Чајлд: „Песната е моја, а гостуваат Бијонсе и Мишел“ – рекла таа. Ова им е прва заедничка песна по неодамнешната „Nuclear“која се најде на компилацијата со најголемите хитови на триото „Destiny’s Child – Love Songs“, издадена во јануари годинава.

Таа исто така открила дека на новото издание на кое ќе се најдат 12 нумери, избрани од 70 песни, ќе се најдат и гостувањата на Виз Калифа и Фарел, кои исто така се јавуваат и како продуценти. Мајк Вил Мејд Ит („Kisses Down Low“), Д Дрим, Бој Вондер и Ти-Мајнус исто така се дел од продуцентската екипа.

 

 



Врати се горе ↑