Концерт article_big_1359966927Beyonce_u_Beogradu

4 февруари, 2013

Бијонсе ја започнува турнејата во Белград

Најпознатата поп дива на денешницата, Бијонсе ја започнува нејзината европска и светска турнеја насловена „The Mrs. Carter Show“ на 15-ти април во Комбанк Арената во Белград. Ова е нејзина прва турнеја по три години и ќе опфати дваесет европски градови, покрај Белград и Загреб, ќе настапи во Даблин, Берлин, Париз, а четири концерти се закажани за О2 арената во Лондон.

Северно-американската турнеја ќе започне на 28-ми јуни во Лос Анџелес и ќе опфати повеќе од дваесет градови. Бијонсе како главна ѕвезда ќе настапи и на најголемиот светски музички фестивал, Rock in Rio кој ќе се одржи на 13-ти семптеври во Бразил.

„The Mrs. Carter Show World Tour“ ќе биде најамбициозната и најголема турнеја на Бијонсе до сега. Планирано е да трае година дена, а во вториот круг ќе ги обиколи и Јужна Америка, Австралија и Азија. По фанстастичниот настап на синоќешниот Super Bowl, Бијонсе и официјално за започнува турнејата, прва по „I Am… World Tour“ од 2009 година, носејќи продукција еднаква на ремек дело.

Фановите можат да го посетат блогот Beyhive на веб страната www.beyonce.com, и да освојат ексклузивни содржини, да набават карти во претпродажба, ВИП пакети и др. Цените на влезниците во српски динари се движат од 2700 до 5900 динари.

Официјален застапник за Македонија е Т.А. Папилон. Продажбата започнува од 08.02.2013 година, но може веднаш да резервирате доколку сте заинтересирани.

 Извор: MTV.rs



Врати се горе ↑