Свет beyonce-obamaconcert

22 јануари, 2013

Бијонсе ја отпеа американската химна (видео)

На втората инаугурација на американскиот претседател Барак Обама, американската химна ја отеа славната музичка ѕвезда Бијонсе, а овој настап и послужи како одлично загревање за претстојниот голем настан Super Bowl, каде што за полувремето ќе настапи сама, но и со нејзните колешки од поранешното популарно трио Дестинис Чајлд, со кои неодамна промовираше нов сингл насловен „Nuclear“, кој ќе се најде на компилацијата со најголемите хитови од триото. Вчера, пред околу 800 000 луѓе во придружба на бендот на американската морнарица, Бијонсе ја воодушеви целата нација со нејзината одлична изведба на американската химна. Во продолжение погледнете ја нејзината изведба.

 

 



Врати се горе ↑