Свет BeyMiguel

1 ноември, 2012

Бијонсе и Мигел заедно во студио

Светската музичка дива Бијонсе додаде уште едно име на списокот на соработници. Имено, станува збор за младиот надежен пејач Мигел кој критичарите го споредуваат со Принс и Бејбифејс. Мигел на неговиот профил на Инстаграм објави фотографија со Бијонсе во студио, каде што работат на нов проект. Ова е негова втора соработка после неодамнешната „Where’s the Fun in Forever“ која ја испеа заедно со Алиша Киз.

Пејачот веќе има два успешни албума позади него, a неодамна го промовираше и видео записот за синглот „Do You…“ кој се наоѓа на вториот албум „Kaleidoscope Dreams“ кој беше објавен на крајот на септември годинава.

 

 

 



Врати се горе ↑