Свет bj

24 април, 2015

Бијонсе и Џеј Зи подготвуваат албум ексклузивно за „Тајдл“?

Додека Канје Вест во последниве денови се дистанцира од новиот сервис „Тајдл“, се појавија вести дека Бијонсе и Џеј Зи планираат да ја покажат својата посветеност кон овој бизнис потфат со тоа што ќе објават ексклузивен заеднички албум.

Џеј Зи го купил сервисот „Тајдл“ (TIDAL) на почетокот на годинава, а во март повторно го лансираше како нов бизнис модел, во кој свој дел имаат и бројни други музички ѕвезди. Џеј Зи на претплатниците им вети посебни ексклузиви, а дека сето тоа може да се оствари, потврдува и диџеј Ски (DJ Skee), кој неодамна објаснил дека неговиот албум е речиси готов, а ќе биде наскоро објавен „ексклузивно на ’Тајдл’“.

 

Меѓутоа, диџејот ги откри и своите дилеми околу таа стратегија: „Постои ризик да се повтори она што му се случи на албумот на Џеј Зи, којшто го објави ексклузивно за новите телефони на Самсунг. Проектот ’протече’ кога случајно се срушија сите сервери на Самсунг, така што, иронично, албумот им беше достапен само на оние кои го симнаа нелегално. Историјата нè научи дека ако нешто затворите, луѓето секогаш ќе најдат начин да ја заобиколат оградата“.

И покрај ѕвезденото лансирање на проектот минатиот месец, „Тајдл“ засега не се потврди како вистинска конкуренција на сервисите како што е „Спотифај“. Апликацијата за „Aјос“ (iOS) минатата недела испадна од 700-те набарани во продавницата на „Епл“ (Apple), што покажува дека и покрај почетниот бум, интересот за овој сервис значително се намали.

 



Врати се горе ↑