Концерт SPEK-BIJONSE-I-BON-DZOVI-(1

4 ноември, 2012

Бијонсе и Бон Џови следната година во Белград?

Според спрскиот медиум „Новости“, неофицијално се дозна дека следната пролет ќе има голем избор од музички настани. Имено, покрај веќе потврдените концерти на Депеш Мод и Марк Нофлер, во српската престолнина се заинтересирани да настапат и други светски музички имиња.

Пред српската, односно балканската публика би сакале да настапат и рок бендот Бон Џови, кои ќе ја започнат нивната светска турнеја од Софија, а можеби ќе продолжат и во Белград. За прт пат во Белград следната година би требало да настапат и калифорнискиот бенд Линкин Парк, кои летово го објавија и нивниот петти студиски албум „Living Things“. После Ријана, Шакира и Џенифер Лопез, следната година можно е концерт да одржи и една од најпознатите светски пејачки Бијонсе, која најави дека до крајот на оваа година ќе објави дури два албума. По раѓањето на нејзината ќерка Блу Ајви Картер во јануари, Бијонсе одржа неколку концерти, а за следната 2013 година планира светска турнеја.

Кој бил пред две години на концертот на Рамштајн, сигурно сè уште се сеќава на интензивната жештина во „Арената“, пукањето и пиротехниката кои ги користи  најпознатиот германски бенд. Изгледа дека и ним им се допадна приемот, особено од српските навивачи, бидејќи размислуваат да дојдат повторно следната година. Веќе потврдија дека во јуни заедно со Ајрон Мејден и Слипнот ќе бидат главни ѕвезди на Даунлоуд фестивалот и ја најавија европска турнеја за следното лето.

На почетокот на септември во 2009 година, канадскиот пејач, композитор, поет и романописец Леонард Коен го одржа неговиот прв концерт во спрската престолнина. Иако минатиот месец Коен го заврши првиот дел од неговата европска турнеја на кој го претставува неговиот дванаесетти албум „Old Ideаs“, постои голема веројатност повторно да настапи во Белград следната пролет.

Според неофицијалните извори, сите овие музичари, освен Бон Џови, би можеле да свират во главниот град на нашиот северен сосед во април и мај, а постои веројатност тоа да го направи и бендот Аеросмит.

 



Врати се горе ↑