Аудио beyonce-mi-gente-remix

2 октомври, 2017

Бијонсе гостува во ремиксот на хитот „Mi Gente“ на Џеј Балвин и Вили Вилијамс

2017 е дефинитивно година на латино хитови, а освен неизбежната „Despacito“, тука е и заразната Mi Gente на Џеј Балвин и Вили Вилијамс. Ако Џастин Бибер ја зголеми популарноста на првата, како засилување во ремиксот за „Моите луѓе“ гостува една од најпопуларните музички дами на денешницата – Бијонсе!

Имено, причината за ова гостување е хуманитарна, а пејачката на социјалните мрежи откри дека сите собрани средства од песната ќе бидат наменети за жртвите од ураганите и земјотресот во Порторико, Мексико и другите погодени острови од Карибите.

Како звучи оваа интересна соработка на музичарите можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑