Свет the-dream-ivplay-S-600x450

14 мај, 2013

Бијонсе гостува во песна на Д Дрим и (веројатно) повторно е бремена

Секојдневно пристигнуваат новитети за „највлијателната жена во поп културата“ – Бијонсе. Покрај тоа што го подготвува новиот студиски албум, одржува концерти ширум светот во рамките на турнејата „The Mrs. Carter Show“, го позајми гласот за лик во новиот анимиран филм „Epic“, за кој сними и песна во соработка со Сиа, а деновиве беше претставена и песната „Turnt“ од нејзиниот колега и соработник Д Дрим, во која покрај 2 Чеинз гостува и Бијонсе.

Песната  ќе се најде на новиот албум на Д Дрим насловен „IV PLAY“, од кој веќе ја слушнавме нумерата „High Art“ во која гостува Џеј Зи. Минута и половина од новата песна можете да слушнете во продолжение.

 

Уште една новост поврзана со пејачката, според извори на Њујорк Пост, е тоа што г-ѓата Картер веројатно го очекува нејзиното второ дете. Кога гостуваше во шоуто на Опра, Бијонсе изјавила дека сака уште едно дете, а подоцна изјавила и дека тоа ќе се случи кога ќе дојде време. Имено, овие шпекулации започнале по неодамнешната Мет Гала, на која (наводно) можел да се забележи нејзиниот малку „подуен“ стомак, а веднаш потоа на интернет започнале да се појавуваат фотографии од тековната турнеја на Бијонсе, каде што „се гледа дека е бремена“. Од тимот на пејачката не дале никаков коментар за оваа вест, а со оглед на тоа што таа долго ја криеше и бременоста со Блу Ајви, не е никакво изненадување ако тоа го направи пак. 

Првата фотографија е од Мет Галата која се одржа на 7-ми овој месец, а следната е фотографија од концертот во лондонската О2 арена на 4-ти мај, каде што на сцената излезе и нејзината ќерка.

 

 



Врати се горе ↑