Концерт 11884_10152785122880601_1639549530_n

16 април, 2013

Бијонсе го покори Белград: Синоќа започна турнејата „The Mrs. Carter Show“

Синоќа во српската престолнина, Бијонсе го одржа првиот концерт од нејзината светска турнеја „The Mrs. Carter Show“. Пред бројната публика во Комбанк арената, Р&Б дивата цели два часа ги изведуваше најголемите хитови од нејзината соло кариера. Се проценува дека концертот го продследија 18 илјади луѓе, а влезниците беа распродадени за само четири дена.

Со задоцнување од еден час, ѕвездата излезе на бина и веднаш заигра во жесток ритам на песната „(Run The World) Girls“, по која следуваа „If I Were a Boy“, „Get Me Bodied“, „Naughty Girl“, „I Miss You“, „Love On Top“, „Irreplaceable“, „Crazy in Love“, „Single Ladies“ и други, а настапот го заврши со емотивната изведба на „Halo“.

Како што беше очекувано, г-ѓата Картер неколку пати ги промени костимите. Таа изјавила: „Никогаш не го заборавам првиот концерт на турнејата“, а овој спектакл го проследија и голем број посетители од Македонија. Во продолжение погледнете неколку фотографии и снимки од вчерашниот настап.

 

 

 


Извор: MTV.rs/ Видео: YouTube (belgrademusic)/Фото: www.beyonce.com



Врати се горе ↑